Полицајци ноќеска по полноќ во полициска станица привеле 44-годишник од Тетово кој од прозорец во станот пукал надвор. Тетовецот бил во алкохолизирана состојба.

Како што соопшти денеска СВР Тетово, станува збор за Д.Ј.(44) од Тетово, кој од прозорец на стан на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, во алкохолизирана состојба, со гасен пиштол пукал во непозната насока.

До интервенцијата дошло по пријава на граѓани.

На Д.Ј. му е одземен пиштолот за вештачење, а тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.