Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово, патничко возило „фиат браво”, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово, посочуваат од МВР во редовниот дневен Билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.