Skip to main content

Вучиќ: Завршено е со Шарената револуција, нема ништо од тоа

Принтскрин/Новости/Youtube

Околу 150.000 српски граѓани дојдоа во Белград дојдоа на најголемиот собир за поддршка на Александар Вучиќ.

Тој им се заблагодари за пристуството на сите од регионот и на тие од Македонија.

Тој нагласи дека е завршено е со обоената револуција, може да се шеткаат колку сакаат. Нема ништо од тоа.

принтскрин
  • Поминаа 13 години откако сум на функција во државата. Дадов се од себе за да ја направиме земјата подобра, сакам да ви кажам дека никогаш не можевме да го направиме тоа без вас. Вие што добро разбравте се што направивме и кога беше најтешко, кога поради невнимание немавме динари во буџетот. Разбравте дека ја третираме државата за да ги имаме денес највисоките плати во српската историја. Почнавме да ја креваме земјата. Имавме мигрантска криза, Ковид, па успеавме да ја пребродиме. Имавме вакцини и респиратори затоа што деноноќно се боревме да ги заштитиме главите на нашиот народ. Цело време ги напаѓаа нашите на Косово , потоа следуваше украинската криза, прашуваа како ќе преживееме. Рекоа дека нема да издржиме со нашиот став, а сега поминаа уште малку, 3 и пол години и се издржавме и не се откажавме од нашата политика. Ние не ја сменивме нашата политика. Гордо и достоинствено. И не заборавајте, рекоа – има економска криза, ќе треба да се издржи. Ја туркавме земјата понатаму и понатаму, Србија имаше втора највисока стапка на раст во Европа. Оваа година, ако не го направеа ова, ќе беа најбрзо растечката економија во Европа.

Поврзани вести