Skip to main content

Во Нови Пазар приведен државјанин на Македoнија осомничен дека крадел пари од џамии

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.

Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.

Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир.