Музејот на Европскиот центар за солидарност во Гдањск, Полска каде во посебна музејска поставка се претставени земјите и датумите кога се ослободиле од советското влијание, во делот за македонската држава стои само „Македонија“ , а грчките медиуми веднаш побараа одговори од кураторите во музејот зошто „соседната земја не е претставена на правилен начин“, односно со уставното име.
Знаеме дека името е сменето, но не сме го смениле“, бил првичниот одговор на службеник на музејот до грчки посетител кој побарал објаснувања при неговата посета таму пред неколку дена. Предметните фотографии, доаѓаат од просторија во музејот, во која се претставени различни европски земји, како и датумите на кои престанало да постои влијанието на Советскиот Сојуз во секоја од нив. На екранот до мапата, Македонија е претставена едноставно како „Македонија“, без потребната географска одредница како што се бара со меѓународно признатиот договор од Преспа, пишува денеска грчкото издание на Хафингтон Пост.
Името „Македонија“ стои покрај датумот 8 септември 1991 година, денот кога Македонија ја прогласи својата сувереност, независноста и самостојност од СФРЈ откако тој ден се одржа референдумот на кој големо мнозинство, 96 отсто од македонските граѓаните се изјаснија за „суверена и независна држава Македонија“, како што и стоеше во референдумското прашање.
Барајќи одговори од надлежните во музејот, грчкиот портал Хафингтон Пост го контактираше одделот за изложби на музејот на Европскиот центар за солидарност за „проблемот“ кој ги вознемири Грците.
Одговорот што го добивме беше неочекуван: „Македонија го промени името во Македонија во 2018 година. Кога ја врати независноста во 1991 година, името на земјата беше Македонија. Според нас, ова име го прикажуваме на историски и правилен начин на историска карта – велат од ресорното одделение за Хафингтон Пост.
Порталот додава дека кај одговорните во полскиот музеј владее клима на рамнодушност од страна на одговорните во врска со ова конкретно прашање.
Не одговараше Поранешна Југословенска Република Македонија, затоа и ја напишавме едноставно Македонија“, е одговорот на одговорниот до грчките посетители кој веднаш реагирале штом го прочитале името „Македонија“.
Добиле одговор на самото место дека знаат дека името е сменето, но едноставно го оставиле така, дека не треба ништо да прават.
Порталот нагласува дека предметниот музеј, кој се наоѓа во Гдањск, Северна Полска, е еден од најважните во земјата – Музеј посветен на демократијата.
Тој е тесно поврзан со „Солидарност “на Лех Валенса, првиот синдикат кој не е контролиран од комунистичка партија во земјите од Варшавскиот пакт. „Солидарност“ достигна 9,5 милиони членови во 1981 година, што сочинуваше 1/3 од сите работници во Полска, а преку овој синдикат Валенса успеа да биде избран за претседател на земјата во 1990 година“, нагласува грчкиот портал.