Skip to main content

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми.

Имамоглу, клучна опозициска фигура, беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група.

Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до 26 март.

Наредбата на судијата за притвор денеска дојде во врска со обвинението за корупција.

Ердоган синоќа ги критикуваше протестите во Турција и ја обвини главната опозициска сила дека се обидува да го „наруши мирот“. 

Поврзани вести