Skip to main content

Тешка сообраќајка кај Евзони, има мртви: Се судриле камион и автомобил, сообраќајот парализиран

Сообраќајна несреќа се случи денеска по наплатната рампа Малгара, на крстосницата Евзони, во правец кон Солун.

Според првите информации, автомобил се судрил со камион, под околности кои засега не се разјаснети.

70-годишна жена го загуби животот во сообраќајна несреќа, а маж е пренесен во болница со полесни повреди.

Во врска со околностите на несреќата, според досегашните информации, се чини дека автомобилот се судрил со камионот од задната лева страна.

Сообраќајната полиција веднаш излегла на местото на настанот за регулирање на сообраќајот и започнување истрага за причините за инцидентот.

Поради сообраќајни метежи и возилата запрени на патот кај Евзони, веќе се забележуваат застои на овој дел од автопатот, пишуваат грчките медиуми.

Поврзани вести