Skip to main content

Справата се заглавила на висина, девојчето падналo: Луна парк на ужасот во Инџија

Instagram/indjija.news

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството за внатрешни работи ги уапсија Ф.В. (47), К.В. (42) и германскиот државјанин М.Р. (19), поради сомнение дека сториле кривично дело – тешки дела против јавната безбедност, поврзани со предизвикување општа опасност.

Според информациите на полицијата, инцидентот се случил синоќа на импровизиран паркинг на улицата Дунавска, каде што осомничените наводно раководеле со рингишпил без да бидат запазени пропишаните безбедносни мерки.

Во несреќата, 13-годишно девојче паднало од едно од седиштата и се здобило со тешки телесни повреди. Девојчето е префрлено и згрижено во Клиничкиот центар во Нови Сад.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Стара Пазова, на тројцата осомничени им е определен притвор до 48 часа. Во тој рок тие ќе бидат изведени пред обвинителство со кривична пријава.

Обвинителството наложило детална истрага – собирање на сите материјални докази, изработка на фотографска документација, прибирање искази од очевидци и список на можни оштетени. Целта е да се утврди евентуалната кривична одговорност на уапсените, кои ќе бидат сослушани во законскиот рок.

Поврзани вести