Skip to main content

Сиљановска Давкова за нашите во Албанија: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци , сега да ја сменат определбата за економските потреби

Самата албанска власт врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата им овозможува на малцинствата да можат да ги реализираат своите интереси. Најважно е колку ние ги слушаме, се среќаваме со нив и разговараме за нивните вистински проблеми, а тие се енормни и се уште растат.

Ова денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата во Тирана со Марјана Костофски – Фелах, член на Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија, Ендрит Фатаху, потпретседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска Алијанса за Европска интеграција, Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво Илинден и Славица Свидерска, професрока по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана.

Она што е најважно во моментот, нагласи Сиљановска – Давкова, е донесената одлука за утрдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства.

– Вака ова изгледса многу демократско, меѓутоа за да ставите забелешка на начинот на кој ќе се одвива оваа постапка или да имате приговор на резултатите, потребно е да имате двотретинско мнозинство зад себе, што е многу тешко за остварување. Ако некој е засегнат од оваа постапка, тогаш тоа е припадниците на македонското национално малцинство, изјави претседателката Сиљановска – Давкова.

Според неа, крајно време е да одговориме на овие проблеми, чие решавање, како што рече, за нас и за нив е важно, а воопшто ми се чини не е голем проблемот.

–  Кој би бил проблемот да го правите она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанства, да отворите повеќе гранични премини, кој е проблемот на пасошите на кои им е истечен рокот да им го продолжите, кој е проблемот како држава да интервенирате во доделувањето пасоши на луѓе кои имаат потреба. Тоа го прават сите во нашиот регион и во светот. Кој е проблемот да помогнете во изучувањето на македонскиот јазик, да отворите повеќе лекторати, онаму каде имате македонското малцинство да отворите уште некој Конзулат. Тоа е проблем врзан за идентитетот. Навистина е шокантно луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби, потенцираше претседателката на Македонија, Сиљановска – Давкова.

Таа беше децидна дека до надлежните ќе го пренесе уште овие денови, она, како што рече, е нивна насушна потреба.

Нагласувајќи ги добрите односи и разбирањето со Република Албанија, Сиљановска – Давкова посочи дека во тие рамки треба да продолжиме онаму каде што некој застанал погрешно кога морал да биде уште поактивен.

– Ние сме тука обврзани да помагаме, изјави претседателката Сиљановска – Давкова, која со оваа средба ја заврши работната псоета на Тирана

Поврзани вести