
Шефот на Канцеларијата на Европска Унија во Косово, Авио Орав денеска изјави дека не може да замисли Косово и Србија да бидат членки на ЕУ без да ги нормализираат односите.
– Не можам да замислам како Србија или Косово можат да влезат во Европската унија без нормализирање на односите. Финансиската помош или нашите пари се само средство да помогнеме во спроведувањето на реформите и да им помогнеме на двете страни да се подготват за членство во ЕУ, изјави Орав.
Орав се осврна и на формирањето на новата влада на Косово.
Слушнав поплаки дека овој процес во Косово трае предолго, но најважно е правилно да се земе предвид волјата на сите гласачи, посочи Орав, додавајќи оти исклучително важно е изборните резултати да ги одразуваат желбите на граѓаните, без оглед на времетраењето на преговорите за формирање на институциите