
Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев кој сега со мнеговото движење влезе во трка за бугарската влада, во интервју за германскиот весник „Берлинер цајтунг“ вели дека според европскиот консензус од јули 2022 година, Македонија мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата и само тогаш може да започнат преговорите за членство во ЕУ.
– Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно.

Македонски



