Skip to main content

Приштина се дави во ѓубре, прогласена вонредна состојба

Главниот град на Косово, Приштина, прогласи вонредна состојба поради ситуацијата создадена од несоодветното управување со отпадот, јави Анадолија.

Градоначалникот Перпарим Рама на прес-конференцијата изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единствено претпријатие што се занимава со собирање отпад во Приштина, не било ефикасно во својата задача.

Ќе продолжиме да ја користиме вонредната состојба што ја прогласивме за да ангажираме приватни компании да помогнат во целосното чистење на главниот град“, рече Рама.

Во некои населби на Приштина може да се забележат преполни контејнери за отпад, а веќе неколку дена полни останаа и многу канти за отпад на домаќинствата.

Вонредна состојба поради отпад во Приштина беше прогласена и во текот на 2024 година, при што Општина Приштина ангажираше приватни оператори за собирање отпад.

Директорот на Јавните служби во Приштина, Беким Брестовци, на заедничката конференција со градоначалникот Рама рече дека сегашната „влошена“ состојба ги натерала повторно да прогласат вонредна состојба.

Една од главните причини поради ситуацијата е што јавното претпријатие за чистење се соочува со недостиг на капацитети, како резултат на тешкотиите при наплата на долговите од граѓаните.

Поврзани вести