Skip to main content

Ова се шесте нереализирани мети на Звицер

Со убиството на Дарко Недељковиќ Гајслер останаа уште шестмина од списокот на Радован Звицер кои треба да бидат ликвидрани.„Република.рс“ анализира кои се тие.

  1. Лука Бојовиќ

Прв на листата на Звицер. Обвинителството за организиран криминал во обвинението во 2010 година наведе дека токму тој станал на чело на „Земунскиот клан“ по убиството на Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, а потоа  и  еден од водачите на Шкаљарците.
Тој беше екстрадиран во Србија на 30 ноември 2022 година и оттогаш живее повлечено и под тешки безбедносни мерки.

2. Игор Вукотиќ

Тој го наследи својот убиен брат Јовица Вукотиќ и е една од главните мети на водачот на Звицер.Успешно се крие од очите на јавноста веќе 12 години а каде е и што прави никој не знае.

3.Филип Кораќ

Десната рака на Лука Бојовиќ. Тој беше уапсен на 3 октомври минатата година во Унгарија, по потерница од Франција, која го бара за трговија со дрога, врз основа на докази добиени од преписката преку апликацијата Скај.

4.Вељко Бановиќ Вотка

Вељко Бановиќ Вотка е еден од ретките соработници на Лука Бојовиќ кој го преживеа престојот во затвор. И тој беше цел на Беливук, кој беше уапсен пред да може да го спроведе својот план.Се појави со неколку телохранители кои користеа специјални чадори за да го заштитат од очите и куршумите на потенцијалниот атентатор.

5. Синиша Петриќ Зеница

На 17 јануари во Сараево треба да слета авион од Шпанија со еден од најозлогласените платеници  Синиша Петриќ Зеница.

Според одлуката на Окружниот суд во Бања Лука, Петриќ ќе биде префрлен во затворот во Фоча. Таму треба да служи три години, но претпоставката е дека ќе остане една година, со добро владеење, по што ќе биде слободен човек, но истовремено и мета на Цвицер.

6. Давор Трајковиќ: 

Давор Трајковиќ крадејќи 200 килограми кокаин во Валенсија, започна војна која доведе до истребување на два клана, нСе шпекулира дека извесно време бил дури и под заштита на руската мафија, а потоа се преселил во Чешка, а потоа во Јужна Америка, каде му се губи секаква трага.

Поврзани вести