Skip to main content

Општина Казанлак, Бугарија која е збратимена со Кочани утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост

Општината Казанлак во соседна Бугарија утрешниот ден го прогласи за ден на жалост по катастрофалниот пожар во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 млади луѓе, а над 150 се повредени.

Општината Казанлак е збратимена со Општина Кочани.

Одлуката е израз на сочуство на жителите на Казанлак со семејствата на загинатите и на сите граѓани на Македонија.

Одлуката ја обjави градоначалничката Галина Стојанова.

Поврзани вести