![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/11/kosovo-policija.png)
Изгоре возило во Подујево, на Косово, а во автомобилот се пронајдени човечки коски.
Во селото Главник кај Подуево е пронајден опожарен автомобил со српски регистарски таблички во кој имало остатоци од човечки коски, потврди обвинителството во Приштина, објавија медиумите во регионот.
Обвинителството соопшти дека инцидентот се случил во вторникот.
Обвинителот ангажирал форензичар, кој утврдил дека станува збор за човечки останки, а потоа и наредил на полицијата да ги преземе сите потребни истражни дејствија за целосно расчистување на случајот.