Skip to main content

Македонски возач „летал“ со 214 километри на час по српски автопат

Припадници на сообраќајната полиција во Србија сопреле 41-годишен македонски државјанин кој со автомобил „БМВ“ се движел со брзина од 214 километри на час на автопатот Белград–Ниш.

Возачот бил забележан од полициски пресретнувач додека управувал со возилото на делница каде што максимално дозволената брзина е 130 километри на час.

Тоа значи дека македонскиот државјанин возел дури 84 километри на час над дозволената брзина.

Српските медиуми јавуваат дека против 41-годишниот возач била поднесена прекршочна пријава, по што тој бил изнесен пред судија за прекршоци.

Судот му изрекол парична казна од 800 евра, а дополнително му била изречена и забрана за управување со возило во период од осум месеци.

Поврзани вести