Skip to main content

Македонски државјанин почина во автобус во Србија

Утрово, околу 10 часот наутро кај Михајловац, Србија, 70-годишен маж, патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија, починал во возилото.

Според српските медиуми, мажот е македонски државјанин од Струга. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, каде сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и веднаш се обиделе да му помогнат.

По околу 30 минути, на местото пристигнала итната медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но за жал, обидите биле неуспешни.

Официјалната причина за смртта засега не е утврдена, а телото е предадено на обдукција.

Поврзани вести