
Граѓаните на 18 општини во Косово бираат нови градоначалници во вториот круг на изборите. Портпаролот на Централната изборна комисија Валмир Елези изјави дека гласањето во сите 18 општини почнало на време.
-Изборниот материјал и гласачките ливчиња навремено се дистрибуирани во раните утрински часови во сите гласачки центри, рече Елези.
Трката за главниот град Приштина очекувано привлекува најголемо внимание во вториот круг на локалните избори во Косово.
Полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес.
Приштина повеќе од една деценија симбол на политичко ривалство меѓу Движењето за самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово.
На денешното гласање се соочуваат Перпарим Рама и Хајрулах Чеку.
Граѓаните на Приштина очекуваат новиот градоначалник да го реши долгогодишниот проблем со преоптоварен сообраќај, недостиг на паркинг места, лошо управување со отпадот и се помал број на јавни површини.
Вториот круг на локалните избори се одржува денеска во 18 од вкупно 38 општини на Косово каде во првиот круг кој се одржа на 12 октомври не беше избран градоначалник.

Македонски







