
Двајца државјани на Србија, за кои се сомнева дека се дел од озлогласената криминална група „Пинк Пантер“, стојат зад вооружен грабеж на златарница на Халкидики, во кој бил украден накит вреден околу 580.000 евра, пренесуваат регионалните медиуми.
Според информациите, грабежот се случил во септември минатата година, во златарница сместена во хотелски комплекс на популарната грчка туристичка дестинација.
Осомничените дејствувале брзо и организирано, користејќи методи карактеристични за оваа меѓународна криминална мрежа.
По повеќемесечна истрага, грчката полиција, во соработка со меѓународни безбедносни служби, успеала да ги идентификува и поврзе осомничените со кражбата. Дел од украдениот накит, според неофицијални информации, сè уште не е пронајден.
„Пинк Пантер“ е позната криминална група која со години се поврзува со спектакуларни грабежи на златарници и луксузни продавници низ Европа и светот, а нејзините членови често користат прецизно испланирани акции и бегства.
Истрагата за случајот продолжува, а надлежните служби не ја исклучуваат можноста за дополнителни апсења и откривање на поширока мрежа поврзана со овој грабеж.

Македонски





