Skip to main content

Германски медиуми: Без Србија нема стабилност на Балканот, Брисел сè прави погрешно

ivan-aleksic-on-unsplash

„Берлинер зајтунг“ (Berliner Zeitung) истакна дека целосно ја разбира последната порака што Вучиќ ја испрати до ЕУ со тоа што не присуствува на самитот.

Сепак, како што се оценува во написот на германскиот весник, „Брисел ја игнорира клучната геополитичка реалност“.

Западен Балкан не може да се стабилизира без Србија, а секако не против Србија. Никаков одржлив мировен поредок и никаква економска интеграција не се замисливи на Балканот без конструктивно учество на Белград. Со постојано фрустрирање на најважната земја во регионот, ЕУ го прави токму спротивното од она што тврди дека го постигнува“, пишува берлинскиот весник.

На крајот, овој германски медиум го презентира заклучокот:

Наместо да извезува стабилност, неодлучноста на Брисел сее недоверба и создава опасен вакуум во моќта. Актери како Кина намерно ја експлоатираат оваа европска слабост. Празното столче на Србија на самитот во Брисел е повеќе од протест од една земја. Тоа е знак за неуспех на политиката што ризикува да го изгуби сопствениот двор од геополитичките ривали“.

Поврзани вести