Skip to main content

Фрлени молотови коктели по домовите на грчки политичари, загина едно лице

Пиксабеј

Едно лице загина, а неколку се повредени во серија напади со молотови коктели извршени пред зори во средата во домовите на членовите на грчката владејачка конзервативна партија Нова демократија во Солун, соопштија властите.

Во нападите во северниот пристанишен град биле запалени автомобили, а целта очигледно биле членови на партијата, пишува CNN.

Трите напади се случија меѓу 4 и 4:45 часот пред станбени згради.

Според полицискиот извештај, користени се импровизирани експлозивни направи од камперски плински боци.

Сите повредени биле пријавени во последниот од трите напади, во кои биле запалени автомобили и мотоцикли.

Еден од запалените автомобили наводно и припаѓал на Афродита Нестори, кандидатка на Нова демократија на парламентарните избори.

Поврзани вести