
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите верници од христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, со искрени желби за добро здравје, духовен мир, семејна радост, среќа и благосостојба.
Божиќ е празник на светлината, надежта и љубовта, празник што нè потсетува на силата на верата, заедништвото и човечноста. Во овие предизвикувачки времиња, кога македонскиот идентитет е изложен на постојани притисоци и напади, повеќе од кога било ни се потребни слога, взаемна поддршка и обединување меѓу Македонците, каде и да живеат, за достоинствено да ги пребродиме сите искушенија“, стои во честитката.
Од Македонската алијанса за европска интеграција посакуваат божиќната светлина да внесе мир во срцата, сила во духот и надеж во иднината.
Среќни божиќни празници до сите православни верници и македонски семејства, со желби светлината на празникот да ги следи низ цела година, упатија и градоначалникот на Општина Пустец, македонските друштва „Илинден” и „Преспа”, здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија”, и здружението на Македонците од Албанија во Македонија „ЗОШТО”.

Македонски




