Skip to main content

Американската амбасада во Тирана објави безбедносна  тревога за можни ирански напади во Албанија

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран можно е да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.

Во објава на Фејсбук, Амбасадата соопшти дека иранските опозициски елементи со седиште на албанска територија, исто така, би можеле да бидат цел на напад.

Американската амбасада во Тирана издаде предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека цел на ирански напади  може да бидат субјекти поврзани со САД или елементи на иранската опозиција во Албанија“, објавија медиумите.

Во соопштението се наведува дека нападите би можеле да бидат извршени на вообичаени места, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани и ги повикаа американските граѓани да бидат внимателни. 

Поврзани вести