Skip to main content

Актерот Жарко Лаушевиќ целиот живот се плашеше од крвна одмазда, неговиот затворски цимер го одмазди единствениот син

Дека крвната одмазда се уште ја има во Црна Гора пример е актерот Жарко Лаушевиќ и неговиот затворски цимер Никола Калуѓеровиќ. Жарко во 1993 година уби две момчиња и се до смртта минатата година се плашеше од смртна одмазда. Таква одмазда изврши Никола Калуѓеровиќ кој го освети убиецот на неговиот единствен син.

Во затворот слушнав за трагедијата пред кафулето „Епл“ во Подгорица и веднаш како за себе си искоментирав: „Каква несреќа се случи на едно чесно семејство“. Потоа го донесоа во мојата соба.

Вака Никола Калуѓеровиќ од  затворот во Спуж, зборуваше за својот цимер  Жарко Лаушевиќ, со која станале големи пријател во ќелијата. Никола почина во 2020 година, а во контакт со познатиот актер остана до неговата смрт.

Неговата реченица: „Годината поминува, ден никогаш“ Жарко ја напишал на 31 јули 1994 година и така се родил насловот на книгата за затворските денови.

На Никола му беше убиен синот единец Жељко, а тој од одмазда убил еден од браќата одговорни за неговата смрт.

Поврзани вести