Skip to main content

Запален и пеплосан автомобилот на Ѓорги Галетеновски – Чомбе

Фејсбук профил на Ѓорѓи Галетановски

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.

Галетановски ја потврди информацијата и појасни дека возилото му било паркирано пред зградата во којашто живее во скопската населба Кисела Вода.

Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

Некој намерно го запалил автомобилот, го виделе како бега. Бил слаб, висок, со дуксер. Аплерирам до МВР и до министерот за внатрешни работи што побрзо да го фатат сторителот – изјави Галетановски.