Skip to main content

Во Прилеп отворени две изложби

Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Во Центарот за култура во Прилеп „Марко Цепенков” се отворени две изложби, поддржани од Министерството за култура и туризам.

Во Ликовниот салон беше отворрна изложбата “Доминанта” на која се претставуваат 11 уметници, членови на ДЛУП.

Се дела се претставуваат: Дарко Талески, Филип Јовески, Методи Исков, Емил Солески, Лепа Милошевска, Славчо Павлоски, Елена Димоска, Филип Перески, Верче Николоска, Маја Ралева-Миладиновски и Марјан Стојаноски.

Во Ликовнста галерија беше отворена изложбата на скулптури и слики „Насмеани лица и состојби” од Емил Солески. Најновото скулпторско и сликарско претставување на Емил Солески донесува неколку нови размисли за и околу постоењето и опстојувањето.

Емил Солески на отворањето посочи дека преку композиции во камен ги искажува своите согледувања и немири, додека со сликарските перформанси ги пренесува „насмеаните лица“.