Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1

СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.

Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив“ потенцираа од партијата.

Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom