
СДС елитистичка да не молчи и да ги става работите под тепих, пред очите на јавноста излезе целата хипокризија на борците за правда и еднаквост од СДС. СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога. СДС и на власт и во опозиција има скандали поврзани со употреба на наркотични средства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и Филипче молчат и не се оградуваат за случајот каде Јон Фрчковски директор на Центарот за истражување и анализи на СДС консумира психотропна наркотична супстанца. Јавноста беше сведок и за случајот со еден од водачите на шарената револуција и поранешен пратеник на СДС, Павле Богоевски кој исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. СДС има историја на скандали поврзани со шверц и користење на дрога од високи функционери. Спасовски како ексминистер на МВР молчеше и за скандалот на кланот Заеви поврзан со шверц на дрога. Во акцијата која беше спроведена од ДЕА, во комбето со грчки регистарски таблички, беше пронајдена дрога во вредност од над 800 илјади евра, а се поврзуваше со фирма која е партнер на фирмата на Заеви. Уапсени беа командирот на полициска станица Прилеп кој беше директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот и бегалец Артан Груби, исто така беше фатен со пакетчиња кокаин.
Користењето на наркотични средства не може да помине со оставка тоа повлекува низа консеквенции согласно закон. Јавноста заслужува одговори на прашањата зошто СДС не се оградува од Јон Фрчковски? Каде користел наркотични супстанци? На кое работно место? Надлежните органи да профункционираат и да го повикаат Јон Фрчковски на распит. Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството па Јон Фрчковски има дискреционо право? Дали за Јон Фрчкоски не важи законот каде доколку на работно место лице внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства веднаш добива отказ од работодавачот? СДС да ѝ се извини на јавноста а државните институции да профункционираат и надлежните органи да реагираат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.