Skip to main content

Tрамп: Војната во Газа заврши

– Војната во Појасот Газа заврши, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп пред да замине во посета на Израел и на Египет, каде што денеска ќе се одржи самит за постигнување мир во палестинската енклава.

Трамп додаде дека посетата „ќе биде многу специјален момент“.

– Сите со нетрпение очекуваат да го доживеат, наведе Трамп.

Тој додаде дека многу луѓе и во Израел и во арапскиот свет „аплаудираат“ на договорот, кој го посредуваше неговата администрација.

Сите се воодушевени и возбудени, и ќе си поминеме неверојатно, посочи Трамп

Поврзани вести