Skip to main content

Тошковски: Лишени од слобода 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера. Информираше дека уапсени се 11 лица, а исто така се проверувале 19 објави на социјалните мрежи и интернет во врска со изборите.

„Лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче. Ослободени се четири лица, а седум се задржани поради понатамошна постапка. Пријавени се седум настани со наводна инволвираност на полициски службеници, од кои шест се утврдени дека нема неправилности. Регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи и интернет кои се предмет на понатамошна проверка. Сите овие податоци потврдуваат дека изборниот процес мина во фер и мирна демократска атмосфера и без сериозни нарушаувања на јавниот ред и мир“, рече Тошковски.

Тој напомена дека во текот на денешниот ден имало приведување и на едно лице вработено во Државната изборна комисија, но за време на лишувањето од слобода, немало работни задачи.

Согласно информациите кои ги имам, едно од лицата кое е лишено од слобода е во работен однос во рамките на Државната изборна комисија, но истиот при лишувањето од слобода не ги извршувал своите работни обврски, и е лишано од слобода затоа што одбил да се идентификува“, изјави Тошковски.

Поврзани вести