![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/super-bol-2025.jpg)
Овогодишниот „Супербоул“ – финалето на американската професионална рагби-лига НФЛ, стана најгледаниот ТВ-настан во историјата во САД со просек од 127,7 милиони гледачи, според специјализираната агенција за следење на рејтингот „Нилсен“.
Таа бројка се менувала во текот на натпреварот, но најмногу луѓе го гледале во втората четвртина, кога е достигнат број од 137,7 милиони гледачи. Сепак, кога „Орлите“ (Филаделфија иглс) го зголемија водството на 24 – 0 во тој дел од натпреварот – гледаноста, очекувано, опадна.
Претходниот рекорд на просечна гледаност на „Супербоул“ беше 123,7 милиони, поставен лани.
Оваа бројка ги вклучува сите гледачи кои ја проследија победата на Филаделфија иглс со 40 – 22 над бранителот на титулата, Канзас Сити Чифс. Програмата се емитуваше на домашната мрежа на „Фокс“, на „Фокс“ станицата на шпански јазик на „Депортес телемундо“ и на стрим-платфромата „Туби“.