
Лидерот на албанските владејачки социјалсти и актуелен премиер, Еди Рама, ја „активира метлата“ за расчистување на непотизмот во редовите на партијата.
По негов предлог, во партијата формирана е комисија за етика, која ќе врши контрола на можни случаи на непотизам во партијата, а ќе ја предводи Линдита Никола, поранешна претседателка на парламентот и ексминистерка за образование.
Премиерот Еди Рама, ги предупредил своите колеги за присуство на непотизам, бидејќи, според него, имало многу случаи на вработувања без заслуги во министерствата и други државни институции.
-Човек треба да се оценува според неговите заслуги. Пратениците, министрите, директорите, кои прават неправилности за да го вдомат некого, не сакаат да знаат дека тоа е нож во грб на нивните родители или баби и дедовци кои избираат да гласаат за СП. Обидот да се ублажат ефектите од непотизмот е како влегување во мрежа поподмолна од пајаковата. Комисијата за етика ќе го направи ова, ќе ја постави рамката и границите. Оваа работа е жртва, не е привилегија, изјавил Рама на последнта средба одржана со парламентарната група на партијата.
Објавувајќи ја веста медиумите наведуваат дека, по многуте скандали во кои пратеници, директори и министри, се вмешани во корупција и се почестите обвинувања на грѓаните за непотизам во вработувањето, Рама со „железна тупаница ќе ја чисти партијата од неодговорни и несовесни членови“.

Македонски






