Skip to main content

Пожарот во швајцарскиот бар почнал од прскалки на шишиња кои го запалиле таванот

Генералната обинителка на швајцарскиот кантон Вале, Беатрис Пилу денеска изјави дека сè упатува на тоа дека пожарот во барот во Кран-Монтана почнал од прскалки ставени на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот.

Оттука, пожарот почнал многу брзо. Добиени се и анализирани видеа и интервјуирани се неколку лица, додаде таа.

И на социјалните мрежи се шири фотографија за која многумина велат дека го покажува моментот кога избувна пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран-Монтана. Фотографиите на интернет покажуваат како членови на персоналот на барот носат мотоциклистички кациги, качени на рамената на колеги и држат шишиња шампањ со прскалки.

На една фотографија се прикажани најмалку шест шишиња со запалени прскалки кренати во воздух, додека на таванот над нив се појавува оган и чад.

Експертите велат дека прскалките најверојатно ги запалиле акустичните панели на таванот – материјал што се користи за подобрување на звукот, но кој претставува сериозна опасност од пожар. Еден независен експерт за противпожарна безбедност го опиша материјалот како „пластичен бензин“.

Поврзани вести