Skip to main content

Оперативниот план за вработување ќе опфати 16.000 млади

Владата се грижи за младите со сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓани.Владата е посветена на исполнување на сите ветени проекти за млади од програмата 1198.Оперативниот план за 2025 година се состои од мерка поддршка за самовработување која опфаќа три категории:

1.За невработени лица до 29 години која според проекциите, има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615.000 денари неповратни средства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2.Втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, овде финансиската рамка е 430.000 денари неповратни средства.

3.Поддршката за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност, кое е предвидено да опфати 400 лица. Овде ќе може да се направи разлика во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861.000 денари ќе се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години.

Исто така дел од оперативниот план е и втората мерка поддршка за креирање на нови работни места и оваа мерка опфаќа нови работни места во микро, малите и средните претпријатија и граѓанските организации. Опфатот на мерката е за 1.570 лица.

Втората категорија тука е поддршката за вработување на лица со попречености и оваа мерка опфаќа вработување на 150 невработени лица.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата.

Поврзани вести