Skip to main content

Ноле го тренираше чудото од дете

Новак Ѓоковиќ викендот во салата „Атина Ривиера 91“, се сретна со европскиот шампион до 14 години. 

Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ тренираше со Рафаел Пагонис во Атина. 

– Денес сонував дека сум поканет да играм против Ѓоковиќ. Тој беше многу љубезен и ги сподели своите тајни за враќање на сервисот со мене. Ве молам не ме будете! Ви благодарам за ова неверојатно искуство! Се гледаме наскоро, напиша Пагонис на социјалните мрежи.

Оваа сезона, 13-годишниот Грк освои осум турнири, вклучувајќи го финалето до 14 години и Европското јуниорско првенство

Поврзани вести