Skip to main content

Ноле брзаше да го заврши мечот пред полицискиот час во Лондон

Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2).

Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра.

Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс.

Британецот го почна настапот на Вимблдон како 154 рангиран на АТП листата

Поврзани вести