Skip to main content

Николоски: Очекувам убедлива победа на претстојните избори, Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа на престојните локални избори, вклучително и во главниот град, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Њузмакс Балкан.

Николовски, како што информира Министерство за транспорт, смета дека победата е извесна. – СДСМ во моментов се движи помеѓу нула и тројца градоначалници, другото очекувам да бидат градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, така што мислам дека е извесна победата, истакнал Николоски.

Во однос на изборната трка во Скопје, според вицепремиерот, Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник, а потоа ќе следува развој на градот.

– Јас го познавам Орце Ѓорѓиевски долго, имав чест во 2020 година да биде и шеф на мојата кампања во четвртата изборна единица. Покажа и во Кисела Вода дека знае да работи и дека знае да испорачува, ја модернизираше целосно општината и очекувам дека со поддршка од Владата ќе правиме многу убави работи заедно. Според мене, мора да почне од базичните работи, да се подобри хигиената на градот, да се исчисти градот, да се среди јавниот сообраќај, да се воведат нови можности за јавен сообраќај на начини кои што заеднички ќе ги договориме. Ние работиме на проектот за градски воз како примарен проект, а можеме и да работиме и на форма на трамвај, добро урбанистички да се планира, затоа што барем на централното градско подрачје за жал хаос му се случува и потоа веќе да почнеме да размислуваме за покрупни проекти, кои што би оделе рака под рака со развојот на градот, истакнал во интервјуто вицепремиерот Николоски.

Поврзани вести