Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска.
Последното рангирање во 2024 година не донесе ниту една поголема промена и Македонија остана на 67. место со 1368,96 бодови, колку што имаше и минатиот месец.
Светскиот првак Аргентина втора година по ред ќе заврши на првото место, пред Франција и европскиот првак Шпанија.