Skip to main content

Мотор смачкан меѓу две возила во Влае, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на улицата „Ацо Шопов“ во скопско Влае, во близина на бензинската станица на „Лукоил“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фиат“, управувано од Б. Р. (25) од селото Буковиќ, патничко возило „пежо“, управувано од С. А. (52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“, управуван од А. Ј. (35) од Скопје, информира полицијата.

Во ГОБ „8 Септември“ со Итна медицинска помош се пренесени Б. Р., возачот на возилото „фиат“ и А. Ј., возачот на мотоциклот.

Полициајата изврши увид на местото на несреќата.

Повеќе фото на 360 степени

Поврзани вести