
Премиерот Христијан Мицкоски беше денеска во посета на Општина Велес и оттаму порача дека со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езеротот Младост.
Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост, изјави Мицкоски.
Се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие 2 системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, решено, но како што кажа и градоначалникот нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале проблем за граѓаните на Велес.
Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да им се заблагодарам на советниците, на администрацијата во советот, на пратениците од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес од страна на централната Влада и така и ќе продолжиме понатаму во стратешките наши приоритети и во нашата оптика е Велес.
Би сакал да му се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт како и на останатите колеги коишто со својата работа реализираат проекти и ги реализираат оние приоритети коишто сме се обврзале пред граѓаните дека ќе ги реализираме.
Уште еднашка благодарност и до велешани, најголема за трпението бидејќи сите овие проекти имаат потреба од време додека да се реализираат, но еве еден по еден полека ги реализираме и многу сум задоволен што конечно таканаречената подземна катна гаража во центарот на градот со новиот плоштад конечно ќе почнеме ова лето и се надевам дека во текот на следната година ќе можеме веќе да имаме функционална целина нешто што беше наш приоритет уште од времето кога бевме опозиција, изјави Мицкоски.

Македонски


