
Македонија Ѓорче Петров одигра без голови на дербито во Гостивар против Арсими и го задржа првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Башкими со победа над Детонит Плачковица (3-2) пак го презеде второто место на табелата.
На коло пред крајот, Македонија ЃП има 64 бода, пред Башкими со 63 бода, додека Арсими е третопласиран со 62 бода.
Резултати 29. коло:
Арсими – Македонија ЃП 0-0
Башкими – Детонит 3-2
Беласица – Борец 1-1
Каменица Саса – Осогово 1-0
Новаци – Скопје 4-0
Охрид – Брегалница 0-1
Победа – Кожуф 1-2
Вардарски – Вардар Неготино 0-3