Skip to main content

Јахоски со одземен пасош се шета на Босфор

Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор.Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот, бидејќи тој даде милиони да гаранција дека нема да бега, сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил?

Од информации во јавноста, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот, за тој да може да шета и ужива по Босфор со нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата! Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор.

Поврзани вести