Skip to main content

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Законските измени добија едногласна поддршка од пратениците

Република

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.

Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

Поврзани вести