
Во рамки на 48. издание на Деновите на македонска музика, вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на дувачкиот квартет „Консонанс“.
Ансамблот, формиран во 2007 година од инструменталисти на НУ Филхармонија, ќе настапи во состав: Елена Дојчинова (флејта), Маја Кастратовиќ (англиски рог), Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко Темелковски (бас кларинет).
Квартетот е познат по својата посветеност на камерната музика за дрвени дувачки инструменти и редовно ја претставува македонската современа музика на фестивали дома и во странство.
На програмата се дела од македонски композитори, меѓу кои: Филип Иванов (Македонски танци и стара песна), Љубомир Бранѓолица (Медитеранска суита), Ангел Спироски (What Was Sung on the Back of the Whale), Бојана Петровиќ Алексова (ostCinLato), Валентина Велковска Трајановска (Sвезден траг) и Благој Цанев (Девет минијатури).