
Трајче Пеливанов е обвинителот за кој вишиот јавен обвинител, Јован Цветановски, иницирал дисциплинска постапка, по службена должност. Причина е наводот од скопскиот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој со дисциплинската постапка бараше иземање на Трајле Пеливанов бидејки обзнанил пред Советот на Јавното обвинителство и републичкиот јавен обвинител дека Пеливанов се допишувал и одржувал комуникација со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораките го открија нивното пријателството. Пеливанов и Гури разменувале пораки и си договарале средби, додека тој беше дел од оОбвинителството за организиран криминал. Сепак советот на јавни обвинители не го казни, туку го награди Пеливанов за ваквото однесување.
Сметајќи дека Пеливанов ќе биде пристрасен во носењето на одлуката за дисциплинската постапка за Мустафа Хајрлуахи и Јован Цветановски, побарал негово изземање од Дисциплинската комисија. Се расправало за неговото изземање, не го изземал колегиумот, ниту пак сам се повлекол.
Дисциплинската постапка не е блокирана бидејки согласно Законот и Павилникот секој член има свој заменик кој доколку од било какви причини не може да биде дел од Дисциплинската комисија, заменикот доаѓа на негово место. Но таа замена не беше направена. Нема никаква пречка за Комисијата да функционира – тврди Цветановски.
Претходно беше објавено дека непосредно пред да му биде поведена дисциплинска постапка дека сомнително повлекол четири обвиненија и пред да биде суспендиран и оддалечен од работното место, обвинителот Цветановски ја блокирал Дисциплинската комисија која му поведе постапка.
Ова Цветановски го направил според правилник за поднесување дисциплинска одговорност на обвинители, кој дозволува и конфликт на интереси, да ја блокира комисијата тој што гледа дека е истражуван и дека против него ќе се поднесе постапка. Така, пред да му биде отворена постапка, Цветановски му поднел дисциплинска постапка на колега – член на Дисциплинската комисија која треба да го разгледува неговиот случај – објави СДК.