Skip to main content

Чикаго и Атланта постигнаа 302 поени

 Екипите на Атланта и Чикаго ноќеска одиграа ефикасен натпревар на кој беа постигнати 302 поена. Победа од 152:150 остварија гостите Чикаго. Атланта пропушти да се избори за продолжение откако Треј Јанг промаши.

Ова беше четврта победа за „биковите“ на последните пет натпревари. Матас Бузелис со 28 поени беше најефикасен кај победникот, а вкупно 10 играчи имаа двоцифрен број поени. Воедно Бузелис погоди седум тројки од осум обиди.

Резултати на другите дуели: Њу Џерси – Торонто 96:81, Њујорк – Мајами 132:125, Минесота – Милвоки 103:100, Вашингтон – Сан Антонио 113:124 и Сакраменто – Хјустон 125.124 по продолжение