Skip to main content
Медиумите во Србија пишуваат за Македонија

Блокадери од Србија ги обучуваат македонските студенти на блокади и протести

Српските опозициски блокадери, по трагедијата што се случи во Македонија, каде што во пожар, во импровизирана дискотека во Кочани животот го загубја 59 лица, претежно деца и млади, а 163 се повредени, поради што народот се буни, поитаа да ги научат Македонците како да организираат протести против власа на таа земја по уренк на оние кои со месеци се водат во Србија, пишува српски Курир.

Како што пренесува Курир.рс, според македонските медиуми, српските блокадери на тацна им нудат испробани рецепти за протести кои би почнале на факултет и од средните училишта и тоа со детални упатства, од организирање на протести, до формирање на таканаречени пленуми.

Македонските медиуми пишуваат дека лидерите на протестите во Србија веќе се упатиле во земјата со вакви намери.

„Курир.рс“ го пренесува порталот „Вечер“.

Досега е јасно дека лидерите на претестите влегуваат од Србија, некои беа и запрени на граничниот премин „Табановце“. Други се овде. Некои се школуваат во Србија и се вратиле, добиле извештај од 20 страници каде што пишува како да се организират студентски и средношколски пленуми, како да се предизвикаат инциденти, какви изјави да се дадат во медиумите, како да се одбие комункација со институциите. Пишува се црно на бело.

Целиот текст може да го прочитате овде.