Skip to main content

Aмбасадорот Рокас за притисокот на СДСМ врз новинарите: Следиме се одблиску

Амбасадорот Рокас денеска беше прашан за притисокот за притсокот на СДСМ врз новинари и медиуми. Тој одговори дека е запознат и оти слободата на медиумите е важно прашање во процесот на евроинтеграција на Македонија.

На ова поле се уште нѐ очекува работа. Земјата треба да ја ревидира правната рамка во однос на медиумите за да ја услогласи со стандардите и законодавството на ЕУ и со воведување на правила за целосна транспарентност за сопствеништвата во медиумите. Има работи што треба да се завршат и очигледно е дека ова со медиумите го заслужува нашето внимание. Следиме се одблиску и ги нудиме сите можни совети, рече евроамбасадорот.

Поврзани вести