заклетва Archives - Република https://republika.mk/tema/zakletva/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 09:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заклетва Archives - Република https://republika.mk/tema/zakletva/ 32 32 Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ne-sum-prekrshil-nishto-toa-beshe-tehnichka-odluka/ Sun, 02 Jun 2024 18:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=784080

Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм  Гаши, во денешното интервју за РСЕ категорично отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поднесе преставка до инспекциските служби во нејзиното министерство, сметајќи дека со тоа е прекршен законскиот акт за заштита на македонскиот јазик.

- Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено, рече Гаши.

Тој додаде дека оставката како претседател на Алтернатива ја поднел со цел целосно да се посвети како спикер и дека прва работа на новото владеачко мнозинство ќе биде да најде двотретинско мнозинство за реорганизација на државната управа, односно за уставни измени со кои ќе се воведат нови министерства и ќе се променат надлежностите на некои од актуелните.

The post Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм  Гаши, во денешното интервју за РСЕ категорично отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поднесе преставка до инспекциските служби во нејзиното министерство, сметајќи дека со тоа е прекршен законскиот акт за заштита на македонскиот јазик. - Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено, рече Гаши. Тој додаде дека оставката како претседател на Алтернатива ја поднел со цел целосно да се посвети како спикер и дека прва работа на новото владеачко мнозинство ќе биде да најде двотретинско мнозинство за реорганизација на државната управа, односно за уставни измени со кои ќе се воведат нови министерства и ќе се променат надлежностите на некои од актуелните.

The post Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука appeared first on Република.

]]>
„А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/a-koga-ne-vikaa-firom-ili-golema-bugarija-najchevska-ukazha-na-dvojnite-standardi-na-eu/ Tue, 14 May 2024 10:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=777924

Никогаш не сум сакала двојни стандарди, посебно кога станува збор за правото вели професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги реакциите на заклетвата на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.

ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци кои излегоа со јасни територијални аспирации кон Македонија ниту од неспроведувањето на пресудите на ЕКЧП од страна на Бугарија.
Не ги возбуди премногу ни фактот дека Грција ја прекршува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.
ЕУ не се потрес заради лапсусите и грешките кои намерно или ненамерно ги правеа европските државници во употребата на името на државата (сега и во периодот кога не нарекуваа ФИРОМ наместо да го употребат целиот назив под кој бевме примени во ООН).
Не се сеќавам ни дека Американците покажаа голема загрижа заради ова.
Ама кога Гордана при давање свечена заклетва (уште нестаната претседателка) не го употреби официјалното име на државата не пропуштија да излезат со изрази на длабока загриженост па дури и тивки закани.
Никогаш не сум сакала двојни стандарди.
Посебно кога станува збор за правото.
Ваквото однесување на ЕУ може само да ги подгрее негативните сили кои Македонија ја влечат во ќорсокак, надвор од генералната ориентација кон ЕУ и ЕУ вредносниот систем.

The post „А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Никогаш не сум сакала двојни стандарди, посебно кога станува збор за правото вели професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги реакциите на заклетвата на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.
ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци кои излегоа со јасни територијални аспирации кон Македонија ниту од неспроведувањето на пресудите на ЕКЧП од страна на Бугарија. Не ги возбуди премногу ни фактот дека Грција ја прекршува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. ЕУ не се потрес заради лапсусите и грешките кои намерно или ненамерно ги правеа европските државници во употребата на името на државата (сега и во периодот кога не нарекуваа ФИРОМ наместо да го употребат целиот назив под кој бевме примени во ООН). Не се сеќавам ни дека Американците покажаа голема загрижа заради ова. Ама кога Гордана при давање свечена заклетва (уште нестаната претседателка) не го употреби официјалното име на државата не пропуштија да излезат со изрази на длабока загриженост па дури и тивки закани. Никогаш не сум сакала двојни стандарди. Посебно кога станува збор за правото. Ваквото однесување на ЕУ може само да ги подгрее негативните сили кои Македонија ја влечат во ќорсокак, надвор од генералната ориентација кон ЕУ и ЕУ вредносниот систем.

The post „А кога нè викаа ФИРОМ или Голема Бугарија?“: Најчевска укажа на двојните стандарди на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Новоизбраните судии во Основен Кривичен суд – Скопје потпишаа свечена изјава во Судски совет https://republika.mk/vesti/makedonija/novoizbranite-sudii-vo-osnoven-krivichen-sud-skopje-potpishaa-svechena-izjava-vo-sudski-sovet/ Fri, 01 Sep 2023 08:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=677819

Новоизбраните судии во Основен Кривичен суд – Скопје денеска потпишаа свечена изјава во Судски совет.

Станува збор за судиите Марија Беговиќ, Биљана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифовски, Ахмет Идризи, Фросина Стојаноска и Кирил Георгиев.

Свечена изјава денеска треба да потпишат и новоизрбаните судии од Основните судови во Скопје, Битола, Струмица и Тетово.

The post Новоизбраните судии во Основен Кривичен суд – Скопје потпишаа свечена изјава во Судски совет appeared first on Република.

]]>

Новоизбраните судии во Основен Кривичен суд – Скопје денеска потпишаа свечена изјава во Судски совет. Станува збор за судиите Марија Беговиќ, Биљана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифовски, Ахмет Идризи, Фросина Стојаноска и Кирил Георгиев. Свечена изјава денеска треба да потпишат и новоизрбаните судии од Основните судови во Скопје, Битола, Струмица и Тетово.

The post Новоизбраните судии во Основен Кривичен суд – Скопје потпишаа свечена изјава во Судски совет appeared first on Република.

]]>
Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-polozhi-zakletva-za-tret-pretsedatelski-mandat-2/ Sat, 03 Jun 2023 13:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=647416

Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за својот трет мандат како претседател на Турција, и втор по транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување.

По пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент, Ердоган најпрво ја поздрави почесната гарда која беше построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото национално собрание на Република Турција, со која претседаваше привремениот претседавач Девлет Бахчели.

Тој на Ердоган му врачи уверение од Врховната изборна комисија со кое се потврдува победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај.

Ердоган потоа свечено положи заклетва зад претседателот на парламентот, со што и официјално започна новиот мандат на претседателот на државата. По полагањето заклетва, во парламентот беше интонирана химната на Република Турција.

По заклетвата во парламентот, Ердоган ќе положи венец во Антиткабир, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа во Претседателската палата ќе започне церемонијата на инаугурација на која ќе присуствува од страна на бројни достоинственици, претседатели, премиери и други високи функционери на многу земји, вклучително и земјите од регионот.

Ердоган за првпат беше избран на функцијата претседател на изборите во 2014 година, а воедно е и првиот директно избран претседател на таа земја.

Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори со 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу 47,82 отсто, покажаа конечните резултати објавени од Врховната изборна комисија на Турција.

 

The post Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат appeared first on Република.

]]>

Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за својот трет мандат како претседател на Турција, и втор по транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување. По пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент, Ердоган најпрво ја поздрави почесната гарда која беше построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото национално собрание на Република Турција, со која претседаваше привремениот претседавач Девлет Бахчели. Тој на Ердоган му врачи уверение од Врховната изборна комисија со кое се потврдува победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај. Ердоган потоа свечено положи заклетва зад претседателот на парламентот, со што и официјално започна новиот мандат на претседателот на државата. По полагањето заклетва, во парламентот беше интонирана химната на Република Турција. По заклетвата во парламентот, Ердоган ќе положи венец во Антиткабир, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа во Претседателската палата ќе започне церемонијата на инаугурација на која ќе присуствува од страна на бројни достоинственици, претседатели, премиери и други високи функционери на многу земји, вклучително и земјите од регионот. Ердоган за првпат беше избран на функцијата претседател на изборите во 2014 година, а воедно е и првиот директно избран претседател на таа земја. Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори со 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу 47,82 отсто, покажаа конечните резултати објавени од Врховната изборна комисија на Турција.  

The post Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат appeared first on Република.

]]>
Додик положи заклетва https://republika.mk/vesti/balkan/dodik-polozi-zakletva/ Tue, 15 Nov 2022 20:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=574203

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска.

Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир

Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.

Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ.

Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот.

Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

The post Додик положи заклетва appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска. Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик. Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ. Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот. Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

The post Додик положи заклетва appeared first on Република.

]]>
Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/angela-ageler-polozi-zakletva-kako-nova-ambasadorka-na-sad-vo-skopje/ Tue, 27 Sep 2022 13:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=554854

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.

Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.

Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

 

The post Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје appeared first on Република.

]]>

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.
Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.
Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик. Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.  

The post Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје appeared first on Република.

]]>
Трас и високи владини претставници положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети https://republika.mk/vesti/svet/tras-i-visoki-vladini-pretstavnici-polozija-zakletva-za-vernost-na-kralot-charls-treti/ Sat, 10 Sep 2022 15:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=549491

Британската премиерката Лиз Трус и високи владини претставници денеска положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети во Долниот дом на британскиот Парламент.

Прва заклетва даде претседателката на Долниот дом, Линдзи Хојл, која изјави дека се заколнува на лојалност на кралот и неговите наследници, по неа пратениците кои најдолго се во парламентот, а потоа и премиерката.

Сите пратеници полагаат заклетва за верност на монархот кога ќе бидат избрани. Повторната заклетва кога ќе се смени монархот не е законска обврска, но сите 650 пратеници во Парламентот ќе имаат можност повторно да положат заклетва во наредните денови, доколку сакаат.

Кралот Чарлс Трети денеска беше официјално прогласен за суверен по смртта на неговата мајка Елизабета Втора. Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, но церемонијата на прогласување е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето со кој новиот монарх и се претставува на земјата.

The post Трас и високи владини претставници положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Британската премиерката Лиз Трус и високи владини претставници денеска положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети во Долниот дом на британскиот Парламент. Прва заклетва даде претседателката на Долниот дом, Линдзи Хојл, која изјави дека се заколнува на лојалност на кралот и неговите наследници, по неа пратениците кои најдолго се во парламентот, а потоа и премиерката. Сите пратеници полагаат заклетва за верност на монархот кога ќе бидат избрани. Повторната заклетва кога ќе се смени монархот не е законска обврска, но сите 650 пратеници во Парламентот ќе имаат можност повторно да положат заклетва во наредните денови, доколку сакаат. Кралот Чарлс Трети денеска беше официјално прогласен за суверен по смртта на неговата мајка Елизабета Втора. Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, но церемонијата на прогласување е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето со кој новиот монарх и се претставува на земјата.

The post Трас и високи владини претставници положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Макрон положи заклетва, почнува втор мандат на чело на Франција https://republika.mk/vesti/svet/makron-polozi-zakletva-pochnuva-vtor-mandat-na-chelo-na-francija/ Sat, 07 May 2022 12:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=499023

Eмануел Макрон положи заклетва на церемонија во Елисејската палата и со тоа го започна својот втор претседателски мандат на чело на Франција.

Макрон во вториот круг од изборите освои 58,55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен 41,45 отсто.

Во неговиот инаугуративен говор, по потпишувањето на заклетвата, Макрон вети дека во вториот мандат ќе изгради „планета што е посоодветна за живот“ и „посилна Франција“.

The post Макрон положи заклетва, почнува втор мандат на чело на Франција appeared first on Република.

]]>

Eмануел Макрон положи заклетва на церемонија во Елисејската палата и со тоа го започна својот втор претседателски мандат на чело на Франција. Макрон во вториот круг од изборите освои 58,55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен 41,45 отсто. Во неговиот инаугуративен говор, по потпишувањето на заклетвата, Макрон вети дека во вториот мандат ќе изгради „планета што е посоодветна за живот“ и „посилна Франција“.

The post Макрон положи заклетва, почнува втор мандат на чело на Франција appeared first on Република.

]]>