Британската премиерката Лиз Трус и високи владини претставници денеска положија заклетва за верност на кралот Чарлс Трети во Долниот дом на британскиот Парламент.

Прва заклетва даде претседателката на Долниот дом, Линдзи Хојл, која изјави дека се заколнува на лојалност на кралот и неговите наследници, по неа пратениците кои најдолго се во парламентот, а потоа и премиерката.

Сите пратеници полагаат заклетва за верност на монархот кога ќе бидат избрани. Повторната заклетва кога ќе се смени монархот не е законска обврска, но сите 650 пратеници во Парламентот ќе имаат можност повторно да положат заклетва во наредните денови, доколку сакаат.

Кралот Чарлс Трети денеска беше официјално прогласен за суверен по смртта на неговата мајка Елизабета Втора. Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, но церемонијата на прогласување е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето со кој новиот монарх и се претставува на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.